Get Adobe Flash player

Псоријаза

Псоријазата претставува хронично, не заразно, мултисистемско, воспалително нарушување. Луѓето со псоријаза имаат генетска предиспозиција за оваа болест, која најчесто се одразува со промени на кожата на лакотот, коленото, скалпот, лумбосакрална регија (половината) итн.

Зглобовите истотака можат да бидат зафатени и тоа се случува кај околку 30% од луѓето со псоријаза. Псоријазата има склоност да се зголемува или намалува во интензитет наеднаш, во зависност од факторите на околината и системските фактори, како што се стресни ситуации или инфекција.

Псоријазата е болест која е прeдизвикана од повеќе фактори. Таа е комплексна, но се смета дека главно влијание имаат генетските фактори и имуно посредуваните фактори. Тоа се докажува и при успешниот третман на псоријазата со имунопосредувани биолошки супстанци. Постојат повеќе теории за настанувањето, за момeнтот oд кога отпочнува развивањето на болеста.

Како тригер фактор се смета стресната ситуацијa во животот, инфекцијата во телото, трауматскиот настан. Сепак кај многу пациенти и не може да се посочи факторот кој го отпочнал процесот на развивање на псоријазата. Хистолошки промените настануваат заради васкуларно зголемување на површинските крвни садови кои се дилатирани (проширени) и нарушен клеточен циклус. Епидермална хиперплазија (зголемен број на клетки) води кон нивен поголем број, но несоодветно зреење. Нормалниот клеточен процес опфаќа 23 дена, а тука тој трае 3-5 дена. Клетките од гранулозниот слој на кожата нормално ги губат своите јадра, но кај ова нарушување ги задржуваа појава позната како ПАРАКЕРАТОЗА. Нарушено е ослободувањето на одредена количина на масти кои нормално имаат улога за зацврснување и спојување на слоевите на кожата. Без ослободување на мастите од клетките од епидермисот кои се променети настанува нарушено спојување на површинскиот слој на кожата што води кон создавање лушпи и лупење.